Утрински Весник
Свет

Загрепчани пријавиле речиси 6.300 штети по невремето

Загрепчани пријавиле речиси 6.300 штети по невремето

Граѓаните на Загреб во периодот од 21 јули до 7 август пријавиле вкупно 6.285 штети – на објекти, лични возила и земјоделско земјиште, преку веб-апликација создадена за пријавување штети на имот поврзани со невремето.

dobivaj vesti na viber

Рокот за пријавување заврши на 7 август, до денес на терен се обработени 4.110 барања, односно околу 63 отсто од вкупниот број пристигнати апликации, а екипите на терен ќе продолжат со обработка на пријавените пријави до крајот на август. Врз основа на обработените штети, стручното работно тело го утврдува обемот на штетата и врши финансиска процена на вкупната штета.

Врз основа на овие податоци, Градот ќе обезбеди средства за помош на граѓаните преку ревизија на буџетот, кој во септември ќе биде предложен до Градското собрание на Загреб.

На граѓаните што живеат во станбени згради континуирано им се укажува да ги користат своите права од полисите за осигурување на станбените згради. Примени се 120 пријави за штети на земјоделско земјиште, а до денес се обработени 96 или 80 отсто.

 

Можете да прочитате

Германија ја обвини Кина дека употребила ласер врз германски авион

Еден прободен, седум полесно повредени во трките со бикови во Памплона

Израел ќе изгради камп во Појасот Газа за 600.000 Палестинци