Утрински Весник
Македонија

Загина велосипедист на скопската обиколница, кај клучка Радишани

Загина велосипедист на скопската обиколница, кај клучка Радишани

На 17.11.2022 во 15.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот „Мајка Тереза“ – обиколница на град Скопје, под клучка Радишани, патничко возило „мазда-3“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Р.(63) од Скопје, удрило во велосипедистите А.П.(43) и А.Ш.(34), двајцата од Скопје.

dobivaj vesti na viber

На местото на несреќата починал А.Ш., а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош.

Со телесни повреди се здобил А.П., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

 

Можете да прочитате

Тошковски за убиството во Чаир: Еден од осомничените е лице кое издржува затворска казна

Новинарка побара одговор за цената на Дејвид Гета – Милошески: Дали ти изгледам како идиот?

Станот како дом или како капитал?