Утрински Весник
Македонија

Загина 79-годишен тракторист во сообраќајна несреќа во неготинско

Загина 79-годишен тракторист во сообраќајна несреќа во неготинско

Тракторист загина во сообраќајна несреќа што се случила вчера на локалниот пат пред влезот во с.Калањево.

dobivaj vesti na viber

Според информациите, несреќата се случила меѓу трактор “фергусон имт 539“ со велешки регистарски ознаки, управуван од С.А.(79) од с.Криволак-неготинско и автомобил “сузуки“ со неготински регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ.(55) од Неготино.

Во несреќата на местото на настанот починал С.А., а смрт била констатирана од страна на лекар од Итната медицинска помош. Со телесни повреди се здобил возачот од патничкото моторно возило. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Неготино.

Можете да прочитате

Средба на Јавниот обвинител Савески со директорката на ОТА Јаническа

Филипче: Кога ќе си замине оваа банда, ќе одговара за украдените народни пари

ВЛЕН: Реформите во високото образование даваат конкретни резултати