Утрински Весник
Култура

Заеднички џез концерт на виртуозите на гитара, Димитрис Политис и Сашо Поповски

Заеднички џез концерт на виртуозите на гитара, Димитрис Политис и Сашо Поповски

Во петокот, на 11 ноември 2022 година, Канцеларијата за јавна дипломатија на Амбасадата на Грција во Скопје успешно организираше заеднички џез концерт на виртуозите на гитара, Димитрис Политис и Сашо Поповски, што се одржа во просторот на „Аудиокултура“ во Скопје. На настанот присуствуваа поранешниот министер за надворешни работи на Северна Македонија, Никола Димитров, амбасадорот на Европската унија во Скопје, Дејвид Гир, амбасадорот на Шпанија во Скопје, Хозе Луис Лозано Гарсија, поранешната амбасадорка на Северна Македонија во Виена, Василка Попоска Треневска, претставници од други дипломатски мисии во Скопје, политичари, бизнисмени, раководители на невладини организации, новинари итн.

dobivaj vesti na viber

Помеѓу присутните на концертот беше и меѓународно реномираниот прогресив-рок и џез гитарист, Влатко Стефановски.

Настанот го поздрави шефот на Канцеларијата за јавна дипломатија на Амбасадата на Грција во Скопје, Константинос Прокакис, кој притоа нагласи:

„Денешната музичка ‘средба’ на Димитрис Политис и Сашо Поповски претставува отелотворение на меѓукултурната соработка, меѓусебното разбирање, инспиративната креативност и пријателството помеѓу нашите земји и народи.

Национализмот, конфликтите, исклучувањето, ароганцијата и недостатокот на емпатија немаат свое место во градењето на хармоничен и мирен соживот помеѓу соседите.

Уметноста, музиката, образованието, културата, социјалната солидарност, бизнис и економската соработка, меѓусебната помош во тешките времиња и почитта се единствениот пат што води до добрососедски односи за добробит на сите, сега и во иднина.

Настанот се стреми кон тоа да ја прикаже, нагласи и промовира позитивната агенда помеѓу Северна Македонија и Грција преку еден музички спој на двајца уметници кои се подготвени за соработка, сега и овде, отфрлувајќи ги предрасудите и чувството дека се движиме во слепа улица“.

За време на перформансот, двајцата музичари ги воодушевија присутните со нивните лични интерпретации на џез музиката, испреплетени во еден заеднички музички проект што се заврши со исклучителен успех.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“