Утрински Весник
Скопје

Заедничка превентивна акција на МВР и општините Кисела Вода и Центар

4 1.jpg

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски заедно со градоначалниците на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски и на Центар Горан Герасимовски спроведоа заедничка превентивна акција низ централното градско подрачје на Скопје и во Кисела Вода.

Оваа заедничка иницијатива беше со цел да се утврди состојбата на лице место со присуство на малолетници во ноќните часови и низ разговор со нив да се испрати порака колку е важна превенцијата во спречување на малолетничката деликвенција во сите нејзини појавни облици.
„Од страна на МВР ќе ја разгледаме и можноста во рамки на системот ,,Безбеден град”, кој што опфаќа камери на сообраќајници да се надогради со видео надзор на парковите и други места каде се забележува нарушување на јавниот ред и мир.”, потенцираше министерот Тошковски.


Министерот Тошковски подвлече дека координацијата меѓу МВР и локалните самоуправи е добар пример во креирањето ефикасни механизми за превенција и заштита на јавниот ред и мир. 

Можете да прочитате

Општина Центар со финансиска помош за штетите од невремето, објавен јавен повик

„Скопје 2028“ ќе потроши 21 милион евра – парите ќе се трошат „во четири очи“, без јавни набавки

Општина Кисела Вода субвенционира набавка на пелети и печки на пелети