Утрински Весник
Македонија

Забрчанец: Зошто Македонија не го проширува М-тагот за патарини и со Грција, Црна Гора и Србија?

Zabrcanec.jpg

Поранешниот национален координатор за Отворен Балкан, Марјан Забрчанец во објава на социјалните мрежи истакна дека во јули 2023 година Македонија ја активираше електронската и безконтактна М-Таг наплата на патарини во рамки на Отворен Балкан.

Забрчанец додава дека од тогаш не се презема ништи дополнително и прашува зошто овој сервис не се проширува и со други држави од опкружувањето


„Од тогаш до денес Македонија не мрдна со прст на темава, а Србија го проширува овој сервис и со Хрватска, Црна Гора и Грција. Целта е граѓаните побрзо и полесно да патуваат, да нема чекање, да нема колони и застој, особено за време на лето и викенди.Што прават нашите од ЈПДП?

Каде е “ефикасниот” Коце Трајановски? Зошто Македонија не го проширува М-Тагот со Грција, Црна Гора и Хрватска?

Кому му пречи поврзувањето со соседите? Кому му пречат безконтактни патарини за полесно и побрзо патување? Дали е ова намерна изолација или неспособност?“ прашува Забрчанец.

Можете да прочитате

Савески и Палминтери на средба за зајакнување на соработката во владеењето на правото

Фондот бара решение за техничките проблеми при исплата на породилното боледување

Aпел за собирање парични средства за операција на Нина