Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Забрчанец: ЗНАМ е приврзок на ДПМНЕ, со тоа СДСМ се ослободува од голем товар

Zabrchanec.jpg
300x250 opst2

Запрашан за став за партијата ЗНАМ, Марјан Забрчанец во интервју за Слободен Печат истакна дека формирањето и дејствувањето на тој блок може да се гледа и како ослободување на СДСМ од одреден товар.

„Погледнете што се случува, ви излегува ЗНАМ, се откинува од партијата и оди на спротивната страна, односно е сојузник со она што е сосема обратно од она што е социјалдемократска идеологија. Мене ако ме прашате тоа расцепкување можеби во овој момент и му одговара на СДСМ, можеби е добро тоа што ЗНАМ е сојузник со ВМРО-ДПМНЕ и е приврзок на ВМРО-ДПМНЕ во власт каде ВМРО-ДПМНЕ и без тоа има мнозинство, мислам дека СДСМ е ослободување од еден товар, товат што се коси со се што е социјалдемократска база“ посочи тој.

Ако постојат уште такви товари, додава Забрчанец, можеби е подобро СДСМ поскоро да се ослободи од тие товари за поскоро да почне да биде носител на еден нов процес на обединување на се што е демократско

Можете да прочитате

НЕМА МИР БЕЗ СЛОБОДА: Протестен марш во солидарност со Палестина

Претрес во село во општина Чашка поради сомнение за поткуп при избори

Студентка била снимана додека се туширала во студентски дом, полицијата го уапсила манијакот