Утрински Весник
Македонија

Забранети уште 33 нелегални приредувачи на онлајн игри на среќа

Kazino.jpg

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, денеска потпиша налог за ограничување на пристапот до нелегални веб-страници и веб-апликации преку јавните електронски комуникациски мрежи, во случаи на нелегално приредување игри на среќа.

– Со најновиот налог се опфатени дополнителни 33 нелегални веб-страници, што значи дека вкупниот број на досега опфатени (забранети) нелегални страници изнесува 307, се наведува во соопштението од Министерството за дигитална трансформација.

Налогот, како што информираат од Министерството, е доставен до Агенцијата за електронски комуникации, која е должна во рок од пет дена да го достави до операторите на електронски комуникациски мрежи за спроведување.

Од Министерството за дигитална трансформација најавуваат дека ќе продолжат со континуирани мерки за сузбивање на нелегалното онлајн приредување игри на среќа, со цел заштита на граѓаните и унапредување на безбедноста во дигиталниот простор.

Можете да прочитате

Косовец јавно раскажува како поминал со 50 евра мито во Македонија – „Ќе изедевме 500 евра казна“

Аеродромец паднал во кујна и се повредил со нож

Ученици од Скопје и Крива Паланка на  церемонијата на менување на државното знаме во претседателскиот кабинет