Утрински Весник
Македонија

Забранета водата за пиење во уште еден град и населените места на општината

Bez Voda 1.jpg

Забранета водата за пиење во Струмица и населените места на општината.

Општинското комунално претпријатие попладнево ги информираше граѓаните дека водата од водоводот може да се користи само како техничка.

По неколкудневните шпекулации на социјалните мрежи дека водата од чешмите е со темна жолтеникава или кафеава боја, надлежните соопштија дека таа е технички неисправна и не смее со неа да се готви или да се пие.

Од Комуналец велат дека филтер станицата не може да ја обработи водата, бидејќи нивото на брана Турија е на многу ниско ниво.

Ад Водостопанство преку подружницата “Струмичко поле” Струмица велат дека причина за лошиот квалитет се неповолните хидролошки услови.

Но, тие потенцираат и дека Комуналец има огромен долг кон Струмичко поле во висина од околу 70 милиони денари, со што е отежнато работењето на јавното претпријатие. Само за илустрација, годинава сметките на општината кон Струмичко поле биле околу 13 милиони денари, а Комуналец платил помалку од два милиони денари.

Градоначалникот Костадинов, пак, побара вина за квалитетот на водата токму од раководството на Струмичко поле.

Можете да прочитате

Мицкоски присуствуваше на Фестивалот „Питијада 2024“ – прослава на велешка пита и вино

ЕУ обезбедува 6 милијарди евра за реформите – Северна Македонија добива зелено светло за предфинансирање

Меџити ја постави дилемата зошто Уставниот суд одлучува со просто мнозинство