Утрински Весник
Македонија

Забрана за камиони на неколку патни правци, сообраќајот се одвива по влажни коловози со остатоци од кашест снег

Zima 1.webp.webp

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенцијата на нашите дежурни екипи, информира АМСМ.

Забрани за тешки товарни возила од превентивни причини има на следниве патни правци, крак Маврово-Дебар, и Струмица – Берово.


Од 15.11.2024 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можете да прочитате

Меџити: Договорот со Обединетото Кралство нова можност за конечно решавање на проблемот со опасниот отпад

Ќе се намалуваат увозни царини на 70 производи

Меџити по потпишувањето на договорот со Британија: Ова е историски ден за државата