Утрински Весник
Македонија

Нормализиран сообраќајот за камиони кон „Блаце”, на „Табановце“ се чека околу 30 минути

Premin.webp.webp

Нормализиран е сообраќајот за тешки моторни возила на излезот од државата, од бензинската пумпа „Дизел” кон граничниот премин „Блаце”, информира АМСМ. 

На „Табановце“ е зголемена фреквенцијата на возила за влез во земјава, а времето на чекање е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, а интензитетот на патните правци надвор од градските средини е умерен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можете да прочитате

Манасиевски: Филипче во улога на бугарски амбасадор, договара ново предавство на Македонија во интерес на Румен Радев сметајќи дека така ќе дојде на власт

Филипче од маршот на СДСМ: Предците се бореа да имаме држава, ние мора да се избориме младите да останат во неа

Владата ќе организира свечена академија „Идеали што градат иднина“ по повод 11 Октомври