Утрински Весник
Македонија

Забегана е најавата за купување нов владин авион, велат од СДСМ

Sdsm 1.png

Скандалозна и забегана, вака СДСМ ја оцени најавата на директорот на Службата за општи и заеднички работи во Владата за купување нов авион за владините фукцинери, додека нема пари за плати за работниците, за поголема минимална плата, ниту пак за лекови.

„Власта е одлепена од реалноста. Луѓето не можат да врзат крај со крај, се мачат со секојдневните поскапувања и високи трошоци за живот, платите стагнираат, додека власта се лукзузира. Најавата пак дека се размислувало и демек за половен авион е навреда на интелигенцијата на луѓето бидејќи станува збор за милионски бизнис зделки. СДСМ е против и ќе се спротивстави на овие расипнички и погрешни политики на ДПМНЕ“, реагираа денес од опозицијата.


Претходно, Директорот на СОЗР, Ивица Томовски, изјави дека е неопходно да се набави нов државен авион, дури и половен, за службените патувања на владините функционери. Тој истакна дека постојниот авион е стар околу дваесет години, има само шест седишта и не ги задоволува актуелните потреби.

„Ако претендираме да бидеме сериозна држава, треба да поседуваме соодветен воздухоплов. Авионoт што моментално го користиме има само шест седишта, што го прави непрактичен за поголеми делегации. Дополнително, често се расипува. Затоа сметам дека треба да се размислува за набавка на нов авион, можеби и половен, но не постар од две-три години. Ова прашање треба да биде предмет на заеднички консензус меѓу опозицијата и власта,“ изјави Томовски во интервју за „360 Степени.“

Можете да прочитате

До крајот на седмицава ќе имаме температурна инверзија: Котлините под густа магла и многу ладно време, на другите места значително потопло

Очекувањата од староновиот американски претседател

Глуп си како точак – му рече Најчевска на Богојески и го напушти студиото