Утрински Весник
Скопје

За викендот отстранети се 70 метри кубни отпад од диви депонии низ Скопје

Viber Image 2025 01 17 11 54 44 672.jpg
Dik 300x250 mk

Во текот на изминатиов викенд, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 70 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани во скопските општини Чаир и Центар.

Во општината Чаир повторно се реализирани активности на булеварот Никола Карев (Пластичарска улица) каде што на аголот со улицата Максут Садик се подигнати 25 кубни метри мешан комунален и кабаст отпад одложени на јавна површина, во непосредна близина на детското игралиште. Во оваа скопска општина е интервенирано и на две локации на улицата Џон Кенеди, каде што се расчистени 20 кубни метри непрописно одложен мешан комунален и градежен отпад.


Во текот на викендот, ЈП Комунална хигиена-Скопје подигна и приближно 25 кубни метри мешан комунален и отпад од картонски пакувања одложени на тревна површина долж улицата Тодор Александров, на потегот што води кон Средно Водно.

Можете да прочитате

Ѓорѓиевски води во Скопје, ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром, Ѓорче Петров и Кисела Вода, СДСМ во Центар, ВРЕДИ во Чаир

ВЛЕН почна да слави победа за Чаир

Во Скопје пад на излезноста во однос на изборите лани, Чаир и Сарај помотивирани за гласање од Центар и Аеродром