Утрински Весник
Македонија

За Велигден уживајте во сончевото време, со рано летни температури на воздухот!

Xx model en 355 0 modez 2025041512 120 954 293 crop.png

За време на најголемиот Христијански празник (Воскресение Христово, Велигден) ќе имаме стабилно, суво и сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

И во Скопје за Велигден времето ќе биде стабилно, суво и сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.


Што се однесува до температурите, тие ќе бидат рано летни, и тоа поради влијанието на топлата воздушна маса од југ. Максималните дневни температури за време на овој најголем Христијански празник ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 29 степени. Во Скопје и околината максималната дневна температура на воздухот ќе се искачи до околу 27 степени.

Убавото време за Велигден искористете го максимално, и уживајте во празничниот сончев и топол викенд кој ни доаѓа.

Можете да прочитате

Инженери на Македонија апелираат: Владата озаконува паушални фактури за струја

Сообраќајот утрово умерен, еве каква е состојбата на граничните премини

Рано – летни температури за најголемиот Христијански празник, Велигден