Еден ден откако беше прогласен за виновен за фалсификување деловни досиеја, поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска на прес-конференција изјави дека ќе поднесе жалба на пресудата, за која смета дека е голема измама, пренесуваат светските медиумите. -Ќе ја обжалиме оваа измама. Ќе се жалиме на многу работи,рече Трамп на прес-конфенецијата во „Кулата Трамп“ во Њујорк“. Во долгото обраќање кое траеше повеќе од 40 минути, Трамп кој со вчерашната пресуда на судот во Њујорк стана првиот поранешен претседател на САД осуден за кривично дело, се осврна и на судијата Хуан Мерчан, обвинувајќи го дека за време на процесот се однесувал како тиранин. Повикувајќи се на анкета на „Дејли мејл“, направена по пресудата, Трамп тврдеше дека по одлуката на поротата да го прогласи за виновен, неговиот рејтин пораснал за шест процетни поени. Инаку, како што посочува „Гардијан“, анкетата на која се реферирал Трамп била онлајн анкета на 400 потенцијални гласачи во која бил мерен неговиот рејтинг, а не за тоа како планираат избирачите да гласаат. Спротивно на оваа, анкетата на „ЈуГов“ (YouGov) покажува дека 27 отсто од гласачите рекле оти пресудата ги прави помали шансите да гласаат за Трапм, за разлика од 26 отсто кои се изјасниле дека сега е поголема веројатноста да гласаат за него. Според оваа анкета, 39 отсто од испитаниците рекле дека пресудата не влијае на нивното убедување како ќе гласаат на претседателските избори во ноември. Трамп во своето обраќање го нападна и актуелниот претседател на САД, Џо Бајден, обвинувајќи го дека го организирал неговото судење и пресудата во Њујорк, а себеси се претстави како борец за САД.