Утрински Весник
Македонија

Битиќи: Добив закани дека ќе не убијат заедно со моето дете

Img 8615.jpeg

Пратеникот на СДСМ и вицепремиер Фатмир Битиќи, во емисијата „Клан дебата“ изјави дека добивал смртни закани за време на предизборната кампања за што е поднесена и пријава до Министерството за внатрешни работи.

Разговарајќи за реториката во предизборната кампања, Битиќи му се обрати на пратеникот Бојан Стојановски од ВМРО ДПМНЕ, кој бил дел од истата емисија.

„Знам што се случи заради вашата кампања. Прашајте го министерот за внатрешни работи, кој има пријава за загрозување на животот после вашата кампања? Еден вицепремиер што седи покрај вас, два дена по ред… вашата кампања ги врати паролите од деведесетите и 2000-тите години, во кои јас и моето дете бевме повикувани дека треба да бидеме убиени. Ова се случи поради вашата кампања“, кажал Битиќи.

Можете да прочитате

Маж пронајден починат во стан во Аеродром

Во Скопје уапсени седум лица со дрога

Министерот Тошковски и премиерот Мицкоски во СВР Велес: Модернизиран команден центар, „Безбеден град” ставен во функција, значително намален бројот на жртви во сообраќајот