Утрински Весник
Македонија

За првпат МТВ нема да го пренесува Светското првенство во фудбал

Whatsapp image 2025 04 04 at 11.21.29.jpeg

За помалку од 24 часа започнува Светското првенство во фудбал 2026, кое ќе влезе во историјата како прв Мундијал што ќе се одржи во три држави домаќини и со рекордни 48 национални репрезентации.

Но, за македонските љубители на фудбалот ова Светско првенство ќе донесе и една непријатна новина. За првпат од осамостојувањето на државата, Македонската телевизија (МТВ) нема да ги пренесува натпреварите од најголемиот светски фудбалски настан.


Телевизиските права за македонскиот пазар ги поседува Арена спорт, во сопственост на српски Телеком. Сепак, натпреварите од Мундијалот нема да бидат достапни на основните канали Арена спорт 1, 2 и 3, туку исклучиво на премиум каналите, кои кај најголем дел од операторите се дел од дополнителни пакети што се наплаќаат.

Со тоа, голем број гледачи кои немаат активирано премиум пакет ќе останат без можност да го следат Светското првенство преку своите телевизиски оператори.

Ова е првпат МТВ да не обезбеди телевизиски преноси од едно Светско првенство во фудбал. Единствениот сличен случај во поновата историја беше во 2008 година, кога националниот сервис не ги пренесуваше натпреварите од Европското првенство, кое се одржа во Австрија и Швајцарија.

Така, најголемиот фудбалски спектакл годинава ќе биде достапен само за гледачите кои имаат пристап до премиум спортските канали, што претставува преседан за македонската телевизиска публика навикната Мундијалите да ги следи на јавниот сервис.

Можете да прочитате

Брзата интервенција на пожарникарите и доброволците го спречи ширењето на пожарот во Штип

ДЗС бара поранешни полицајци, војници и пожарникари за гаснење пожари – плата до 2.150 евра за три месеци

Лефков, Стефковски и Јованчев влегуваат во Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ