
Метео анализа на Славчо Попоски:
За време на продолжениот празничен викенд територијата на Македонија останува под влијание на релативно ладна но сува воздушна маса која се спушта од север и истата ќе услови да имаме променливо облачно време со сончеви периоди а ќе дува и умерен повремено засилен ветер од северен правец.
Во Скопје и околината исто така за време на продолжениот празничен викенд времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен, повремено засилен ветер од северен правец.
Наутро на повеќе места ќе има појава на слаб мраз кога температурите ќе се спуштаат во интервалот од -4 до 3 степени а преку денот тие ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 15 степени. Во Скопје и околината наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу -1 и 2 степени а преку ден таа ќе се искачува во интервалот помеѓу 13 и 15 степени.


