Утрински Весник
Македонија

За пет часа денеска казнети 89 возачи во Струмичко

Soobra aen rezhim.webp.webp

Денеска (11.02.2024) во периодот од 11.00 до 16.00 часот Секторот за  сообраќајни  работи  при Одделот за  униформирана полиција- Биро за јавна безбедност и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведоа акциска контрола на подрачје на општина Струмица за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. При контролата санкционирани се 89 возачи, и тоа 42 за управување  на возило без возачка дозвола, 6 санкции за возачи што управувале моторни возила со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола, 13 за непрописно вградени фолии (затемнети стакла), 5 возачи без лекарско уверение (јавен превоз-такси возачи), а одземено е и едно моторно возило нерегистрирано повеќе од 6 месеци…

На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можете да прочитате

Мицкоски на средба со сопственикот на компанијата „Фор-ај-џи (4iG)”, ќе се инвестираат 100 милиони евра во развој на третиот мобилен оператор во Македонија

Мојсоска до Дурмиши: Десет месеци по трагедијата Законот за угостителство сѐ уште е само во најава

Мојсоска до Дурмиши: Десет месеци по трагедијата Законот за угостителство сѐ уште е само во најава