Утрински Весник
Свет

Обложувалниците во Лас Вегас ја гледаат и Мишел Обама како можен кандидат за претседател на САД

Во изминатиот период, необичен кандидат за претседател на САД зема замав според рејтинзите и тоа е причина за загриженост кај некои демократски првенци. Се работи за поранешната прва дама Мишел Обама, јави денеска „Си-ен-ен“.

Како што покажуваат типувањата во обложувалниците во Лас Вегас, на облогот „Кој има најголема шанса да стане следен претседател на САД“, играчите најмногу типувале за експретседателот Доналд Трамп, неговиот резултат е пет од шест или има 54,55 отсто шанси за победа. На второ место е претседател Џо Бајден со резултат 15 од осум односно 34,78 проценти шанси за победа.

На трето место е Мишел Обама, која добила типувања 11 од еден т.е. 6,67 отсто шанси биде следниот претседател на САД. Нејзиниот резултат е подобар и од оној на републиканката Ники Хејли, поранешна гувернерка на Јужна Каролина со типувања 20 од еден. Исти облози добиле и гувернерот на Калифорнија Гавин Њусам, Роберт Ф. Кенеди помладиот и демократската потпретседателка Камала Харис.

И покрај гласините дека демократите можат сосема неочекувано да ја изберат Мишел Обама за кандидат за претседател на САД „таа не е некој кој сака политика“, изјави политичкиот коментатор Дејвид Акселорд.

– Во 2004 година ја следев кампањата на поранешниот претседател Барак Обама. Неговиот изборен штаб тогаш организираше бројни митинзи, но Мишел се појави само на два, изјави тој.

Според него, овие гласини се ништо повеќе од само гласини. Тој смета дека практично е невозможно сопругата на Барак Обама да стане претседател на САД.

Можете да прочитате

САД и испратија на Турција преддоговор за продажба на борбени авиони Ф-16

Турк: И Израел и Хамас извршија воени злосторства

Шпанската полиција разби мрежа која илегално извезувала одбранбени материјал во Саудиска Арабија