Утрински Весник
Македонија

Зајкова: Вистинскиот илинденски пркос не се докажува со пароли, туку со одлучност и изнаоѓање решенија

Monika zajkova pretsedatelka na ldp.jpg

Соопштение за јавност на ЛДП:

Од Илинденците мораме конечно да ја научиме најважната лекција: во историјата никогаш не постоел ‘идеален момент’, туку постоеле луѓе со храброст да донесат одлуки! Борбата и жртвите од 1903 година го запалија огнот, АСНОМ во 1944 година ја создаде македонската држава, а генерацијата од 1991 година ја запечати независноста.

Ниту една од овие генерации не одлагаше, не калкулираше и не се криеше зад евтини изговори.

Вистинскиот илинденски пркос денес не се докажува со празни фолклорни пароли, туку со одлучност! Не смееме да дозволиме денешните политички калкулации да го претворат илинденскиот завет во маратонско исцрпување и децениско закотвување на нашиот народ како најсиромашен во Европа.

Да не ги одлагаме решенијата!

Апелирам на разум и храброст — да докажеме дека сме способни да донесеме државнички одлуки кои ќе ги осигурат европските милијарди и ќе ја направат македонската нација силна, богата и рамноправна со сите европски народи. Тоа е единствениот начин за во Македонија да остане и среќно да живее македонскиот народ!

Честит 2-ри Август, Ден на Републиката!
Нека е вечна!

Можете да прочитате

Три лица во болница по синоќешната тешка сообраќајка на автопатот Тетово – Скопје

Левица: АСНОМ-ските идеали треба да се мерило за секоја власт

Претрес во Куманово, пронајдена дрога, уапсено едно лице