Утрински Весник
Македонија

За еден ден „уловени“ 286 брзи возачи

Screenshot 2024 04 29 120119.png

Во текот на вчерашниот ден (28.04.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 286 возачи. Од нив 30 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а девет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 118 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 168 надвор од населено место. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можете да прочитате

МОН: Светскиот ден на науката за мир и развој – 10 Ноември го одбележуваме со нотиран прогрес во научно-истражувачката работа

ЛДП: 15.000 граѓани реагираа – Продолжуваме да се потпишуваме за да знаат дека нѐ има многу

Кристи Мекормик предложена за амбасадорка на САД во Македонија