Утрински Весник
Македонија

За еден ден казнети 113 возачи на мотоцикл во Скопје

Sankcionirani 113 vozaci na motocikl vo akciska kontrola na svr skopje 45 za vozenje bez kaciga eden lisen poradi bezobdzirno upravuvanje image.jpg

Вчера(02.05.2026) во периодот од 12:00 до 20:00 часот на подрачјето на град Скопје, Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање прекршоци што ги чинат возачи на велосипеди со помошен мотор, трицикли, четирицикли и мотоцикли, при што санкционирани се 113 возачи.

Од нив четири возачи се санкционирани поради управување мотоцикл со несоодветна категорија,


17 санкции се изречени за возачи кои управувале велосипед со помошен мотор без возачка потврда, 

45 мерки за возачи без заштитна кацига. Три мерки се изречени за нерегистрирани мотоцикли, три санкции за неносење на сообраќајна дозвола, две санкции за движење по несодветна површина, две мерки за незастанување на даден знак и 37 мерки по останати прекршоци.

За време на акциската контрола еден возач на мотоцикл е лишен од слобода по член 297-а од Кривичниот законик за безобѕирно управување возило.

Можете да прочитате

ВЛЕН: Доаѓа Конгресот на обединувањето

Нокс: Регионалниот пристап носи модерен, ефикасен и одржлив систем за управување со отпад со реални придобивки за граѓаните

Сиљановска-Давкова ќе учествува на Самитот на Европската политичка заедница во Ерменија