Утрински Весник
Македонија

За еден ден 1.666 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи 112

Cuk 396759 399441 414855.jpg

Кон полиција биле упатени 69,44 проценти од повиците, кон Итната медицинска помош 21,29, а кон пожарникарите 1,48 проценти од реалните повици кон 112 во ЦУК.

– Инаку, имало 618 повици за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици и на тие што се именувани како „неитни повици“. Сите тие биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно поединечно или комбинирано со повеќе субјекти информирање и координирање, за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК), се наведува во соопштението од ЦУК.


Во соопштението се додава дека немало пожари на отворено во последното деноноќие, но пожарникарите гаснеле и други пожари во населени места и сите биле изгаснати. Инаку, Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Куманово информира дека пожарникарите од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Куманово од 13.10 до 13.45 часот со едно противпожарно возлоо и двајца пожарникари интервенирале за гаснење запалено ѓубре околу и во контејенер покрај ул.„Доне Божинов“ во Куманово.

Македонски железници до ЦУК испратиле известување дека поради последици од поплавите од Маркова Река железничкиот патнички и товарен сообраќај на патниот правец Лисиче – Драчево се уште се одвива заобиколно, односно преку Маџари – Трубарево кон Драчево и обратно.

РЦУК Скопје, информира дека од ЈСП Скопје, известиле дека поради изведување градежни работи на пат, автобусите на линиите 18, 58, 63А , 66, 66А и 118 во еден дел имаат изменета траса на движење.

Можете да прочитате

Манасиевски: Објектот на Левица е поранешен штаб на Палчо, местото каде функционирале убијците сега е кафич на другар на Апасиев

Во зајакната акциска контрола во Скопје полицијата открила 96 сообраќајни прекршоци од кои 41 за брзо возење

Доаѓа голема промена: Наскоро нови правила за технички преглед на возилата?