Утрински Весник
Спорт

За два натпревара – 30.000 евра

20260620154102 big 730x400 10.webp.webp

Францускиот тренер Ерве Ренар ја прифати поканата на Фудбалската федерација на Тунис да го наследи Сабри Ламуши по стартниот пораз. Но, тој најверојатно нема да остане на оваа функција по Мундијалот и може да се случи за два натпревара да му бидат исплатени 30.000 евра, доколку Тунис биде елиминиран.

Тој ќе ја предводи репрезентацијата на дуелите со Јапонија и Холандија од групата.


Барем засега Ренар нема договор со Тунижаните за продолжување за соработката, иако според неофицијални преговори тој требало да има договор вреден 300.000 евра за година. Французинот на ова Светско првенство успеа да се пласира со Саудиска Арабија, но на два месеца пред Мундијалот доби отказ.

Тој со Саудиска Арабија беше на СП 2022 година, додека четири години претходно ја предводеше репрезентацијата на Мароко. Притоа има големо искуство со работа на репрезентации од африканскиот континент.

Можете да прочитате

ФИФА ги призна грешките во подготовката на проектот ФФЕ и изрази поддршка за Инфантино

Меси донираше 80.000 евра за обнова на опожарениот регион Мадрид

Скопје и Гевгелија од четврток домаќини на ЕП за кошаркари до 16 години