Утрински Весник
Скопје

За Богојавление – Водици автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред, исклучок кај 10 линии

Jsp 1.jpg

ЈСП Скопје информира дека в понеделник, поради верскиот празник Богојавление – Водици, автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред. Исклучок ќе бидат линиите 18А, 32, 51, 56, 56А, 70, 74, 81, 118 и 180, кои ќе сообраќаат по саботен возен ред.

За време на празникот Водици, од 7 до 14 часот, билетарницата на Транспортниот центар ќе биде отворена, додека жичницата нема да биде во функција.

Дополнително, се потсетува дека понеделниците и последните вторници во месецот се непродуктивни денови за работа на жичницата.

“На православните христијани им го честитаме празникот Богојавление – Водици”, се вели во информацијата.

Можете да прочитате

Запуштен простор во Бутел прераснува во модерен мега парк – увид во градежните активности извршија градоначалниците на Скопје и Бутел 

Токсичниот инсектицид ланате е отровот што деца го пронајдоа во близина на детско игралиште во Кисела Вода

Даниловски: Багателна распродажба во Аеродром, земјиште за 2.000 денари по квадрат, Николовски, Митевски, Ристовски, кој ја турка зделката?