Утрински Весник
Спорт

Вулверхемптон го претстави Диего Коста

Вулверхемптон го претстави Диего Коста

Фудбалскиот клуб Вулверхемптон денеска го потврди трансферот на Диего Коста. Шпанскиот напаѓач дојде како слободен играч, потпиша договор до крајот на сезоната, откако се повреди новакот Саша Калајџиќ и ќе отсуствува неколку месеци.

dobivaj vesti na viber

Така Коста по пет години се врати во Премиер лигата, откако во периодот од 2014 до 2017 година настапуваше за Челси и во тој период одигра 89 натпревари, постигна 52 гола и забележа 18 асистенции.

Диего Коста играше за Брага и за Валјадолид, но се прослави дури кога го облече дресот на Атлетико Мадрид во 2012 година.

Од Атлетико замина во Челси, а од Лондон се врати во Мадрид, за подоцна да заигра за Атлетико Минеиро, со кого оваа зима го раскина договорот.

Прашање е колку ќе биде физички подготвен Шпанецот, но „волците“ решија да му веруваат до крајот на актуелната сезона.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина