Утрински Весник
Македонија

Фатен е крадец во Ченто, украденото вратено на сопствениците

Фатен е крадец во Ченто, украденото вратено на сопствениците

На 11.09.2022 во 17.30 часот на подрачјето на населбата Ченто, полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Гази Баба го лишиле од слобода Д.Џ.(24) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела, и тоа две „тешки кражби“ и едно „одземање на моторно возило“.

dobivaj vesti na viber

Пријавениот сите кривични дела ги извршил на 09.09.2022 на подрачјето на Гази Баба, едното во куќа и двете во деловен субјект.

Украдените предмети се пронајдени и вратени на сопствениците.

Со лицето бил извршен службен разговор, а во присуство на Јавен обвинител извршено било препознавање.

По целосно документирање на случајот ќе следи кривична пријава по брза постапка.

Можете да прочитате

Усвоена Младинска Декларација на Националниот младински форум „Тука сме за да останеме!

СДСМ: Седум дена до уште една голема лага и неисполнето ветување на Мицкоски

Синот на Пендаровски добитник на признание за најдобар студент на ФЕИТ