Утрински Весник
Балкан

Вучиќ за Политико: Брисел знае која страна го блокира дијалогот, но тоа нема јавно да го каже

Vuchi .webp.webp

Иако во Брисел знаат која страна го попречува напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина, тоа никој нема јавно да го каже. Европската унија и Американците се согласуваат со нас за ова, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ за бриселскиот портал Политико.

Во текстот се наведува дека Вучиќ неодамна повикал на повторно одржување избори во четири општини на северот во Косово со мнозинско српско население.

Претседателот на Србија посочи дека нема никаков интерес да „го разгори огнот“.

„Не сакам да учествувам во кампања против Курти ниту против кого било“, тврди Вучиќ.

Политико потсетува дека претходно оваа недела требаше да се одржи трилатерален состанок на главните преговарачки тимови на Белград и Приштина со посредство на специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог Мирослав Лајчак, но дека не се одржа, како и дека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, одржа работен ручек со лидерите на земјите од Западен Балкан, на кој беа присутни и Вучиќ и Курти, но на кој двајцата не разговараа.

Белград инсистира на тоа дека Приштина треба да ги почитува постоечките договори, вклучително и обврските од Бриселскиот договор, што се однесуваат на формирањето на Заедницата на српските општини, пишува Политико. 

Можете да прочитате

Детали за експлозијата во Хрватска: Бомба му експлодирала во рака на забава – Почина 25-годишник, четири лица, меѓу кои и малолетничка, се тешко повредени

Голем протест на пензионерите во Атина

Притвор е побаран за сите уапсени поради трагедијата во Нови Сад, меѓу нив и поранешен министер