Утрински Весник
Балкан

Вучиќ во посета на Обединетите Арапски Емирати

Vucik.webp.webp

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска пристигна во Абу Даби, каде што на аеродромот го пречекаше шеикот Мохамед бин Хамад бин Тахнун Ал Нахјан. Вучиќ со тоа ја започна својата посета на ОАЕ, во рамки на која ќе учествува на церемонијата на отворање на Неделата на одржливост 2026 и ќе оствари средба со претседателот на ОАЕ, шеикот Мохамед бин Зајед Ал Нахјан.

На Инстаграм, Вучиќ напиша дека со нетрпение очекува средба со претседателот на ОАЕ и се заблагодари за поканата на глобалниот собир посветен на одржливиот развој. Тој додаде дека Србија има силен партнер во ОАЕ и дека целта е земјата да биде безбедна, развиена и еколошки одржлива, како пример за стабилен напредок и пријателски односи. Програмата на посетата вклучува учество на панелот „Партнерство и соработка во областа на енергетиката“ и присуство на церемонијата за наградата за одржливост „Зајед“. Неделата на одржливост во Абу Даби ќе се одржи од 11 до 15 јануари.

Можете да прочитате

Инциденти пред солунскиот Универзитет „Аристотел“, приведени над 300 лица

Вучиќ: Воениот сојуз Загреб-Тирана-Приштина е насочен против српските интереси

Опасен вирус се шири во Србија, над 9 илјади заболени