Утрински Весник
Балкан

Вучиќ во обиколка на подготвителните работи за изградба на комплексот Експо 27: Националниот стадион ќе биде еден од трите најубави во Европа

20240501124212 Big 730x400 45.webp.webp

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ кој во Сурчин крај Белград присуствуваше на церемонијата на отпочнување на изградбата на Националниот фудбалски стадион во рамките на ЕКСПО 2027 изјави дека тој ќе биде завршен до 1 декември 2026 година, дека е договорено таму да се игра финалето на Лига Европа во 2028 година и дека стадионот ќе биде еден од трите најубави во Европа, јави дописникот на МИА од Белград.

Во обиколката на подготвителните работи за изградба на комплексот ЕКСПО 2027 и на новиот стадион, Вучиќ кажа дека стадионот се наоѓа на 121 хектар земја и дека за него ќе бидат потребни 2.400 шипови.

–Тоа не е само градба, шиповите ќе бидат 25 метри длабоко во земјата за да ја обезбедат цврстината и стабилноста на стадионот. И благодарам на УЕФА за многу работи. Финалето на Лига Европа во 2028 година ќе се игра во Белград на националниот стадион, рече Вучиќ и додаде дека тој ќе има околу 52.000 седишта и ќе биде изграден според сите стандарди на ФИФА и УЕФА.

-Очекуваме голем број луѓе од Европа и Азија, очекуваме дека повеќе од 130 земји ќе го посетат Експо, рече Вучиќ.

Што се однесува до летечките такси, тој потсети дека се преговара со пет компании.

-Тоа е голем симбол на иновациите. Летечки автомобили постојат во неколку кинески градови, работиме со Кинезите и Европејците и ќе бидеме првата земја во Европа што ќе има летечко такси, рече Вучиќ.

Тој додаде дека покрај Будимпешта, Србија ќе го има најголемиот центар за спортови на вода во Европа.

Можете да прочитате

Вучиќ: Србија мора постојано да има енергија

Огромна змија снимена кај Мостар

Во сред лето: Цела Црна Гора, Босна и половина Хрватска без струја