Утрински Весник
Свет

Вучиќ: Приштина и вечерва провоцира, полицијата се движи од јужниот во северниот дел на Митровица

Вучиќ: Приштина и вечерва провоцира, полицијата се движи од јужниот во северниот дел на Митровица

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека Приштина „уште игра“, односно дека вечерва испраќа екипи на косовската полиција кои преминуваат од јужниот во северниот дел на Митровица, а потоа се враќаат.

dobivaj vesti na viber

Вучиќ за тв Прва изјави дека специјалната косовска полиција поставила два контролни пункта кај Грабовац и Газивода и дека повремено „застануваат да земат некого, само да провоцираат“.

„Овие луѓе не разбираат дека немаат сила на север, никој не се плашел од Албанците. Тие на север не можат ништо. Тие не се посилни од Србите“, изјави Вучиќ.

Тој изјави дека претходните денови се „бореле да го зачуваат српскиот народ на Косово и Метохија“, а во исто време да го зачуваат мирот и дека овојпат „не било воопшто лесно“.

Рече дека Албанците прават поголеми грешки во односот со Србите.

Можете да прочитате

Страшни бури во Пакистан и Авганистан, речиси 140 загинати

Германскиот извоз во Иран значително се зголеми од почетокот на годината

Познат датумот на завршување на копањето на биткоини