Утрински Весник
Балкан

Вучиќ: Многу брзо ќе имаме одлука за датумот на изборите

Vucic4.jpg

Српскиот претседател Александар Вучиќ рече дека наскоро ќе биде соопштен датумот за предвремените избори во Србија.

„Секако ќе имаме одлука за десет дена. Нема стапици кога станува збор за избори. Народот, народот одлучува каква иднина сака и кому сака да му ја довери. Мислам дека изборите се многу важна работа. Исто како што отсекогаш велев дека државата не е играчка, изборите се исклучително важни, секогаш“, рече Вучиќ, зборувајќи на ТВ Инфомер синоќа.

Тој додаде дека граѓаните, кога ја избираат својата иднина, мора да ги изберат оние луѓе кои најдобро ќе ги заштитат и зачуваат интересите на земјата.

„Изборите се момент на вистината за сите вклучени во оваа работа, но тоа е првенствено прашање за иднината на земјата и иднината на народот, а не за нас“, нагласи Вучиќ.

Тој изјави дека не станува збор за неговата судбина, лична или туѓа, туку дека е прашање на милиони луѓе во оваа земја.
Претседателот на Србија изјави дека изборите ќе се одржат оваа година, кога е најповолно за државата.

„Изборите ќе се одржат оваа година, кога најмалку ќе ѝ наштетат на државата, кога е најповолно за државата“, рече Вучиќ.

Можете да прочитате

Унгарската влада на ТИСА положи заклетва, Маѓар вети служба во интерес на нацијата наместо на премиерот

Уапсени осум лица за вооружениот грабеж на банка во централна Грција – стојат за зад уште десет други кражби

Силно невреме го зафати регионот: Град во Србија, хаос во Загреб и прекин на сообраќајот во БиХ