Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Што е со законот за големите бугарско-македонски ВМРО патриоти?

Sdsm.webp.webp

Соопштение за јавност на СДСМ:

ВМРО-ОКГ поднесе предлог-закон за пратениците од следниот состав да не може да имаат двојно државјанство.


СДСМ предложи истиот закон да важи веднаш, а не од следниот состав на Собранието, и да важи за сите членови на Владата и носители на извршна власт. СДСМ поднесе и измени на Законот за Влада во Собранието.

Од тој момент Мицкоски се повлече, ретерираше, се правдаше дека „мораат експерти да го проверат законот и Уставот”.

Само уште не знаеме – кој Устав гледаат? Македонскиот или бугарскиот?

Ова е вистинското лице на лажниот патриотизам на ВМРО-ОКГ:

Се создава вештачки конфликт со Бугарија, опозицијата ја нарекуваат „предавници”, а самите си обезбедуваат бугарски пасоши за себе и за своите семејства.

Пола ВМРО-ОКГ веќе има бугарски (европски) пасоши, затоа и не смеат да го изгласаат законот кој сами го предложија.

Македонскиот идентитет не е загрозен од Европа.

Најголемата закана за македонскиот идентитет е криминална група ВМРО, партијата која го користи за пропаганда, а самата живее со бугарски пасоши во џеб.

Сè што прават е лага и лицемерие во служба на одржување на моќта и заштита на криминалот.

Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста!

Можете да прочитате

ВЛЕН: Вечните „љубители на фотелји” од ДУИ не знаат да живеат во опозиција

ЛЕТНИ ТЕМПЕРАТУРИ ВО МАКЕДОНИЈА: Од -5°C, регистрирани се 30°C

Митовски: Целта е јасна – обновен и победнички СДСМ