Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Вучиќ: И против мене беа воведени санкции во 1999 година, не ми беше гајле

Вучиќ: И против мене беа воведени санкции во 1999 година, не ми беше гајле
Img 7972

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, коментирајќи ги санкциите што ги воведоа САД против Александар Вулин, потсети дека и против него биле воведени санкции, но дека не му било гајле.

dobivaj vesti na viber

„Против мене беа воведени санкции и во 1998-1999 година, не ми беше гајле, да ви кажам право“, рече Вучиќ за време на обиколката на работите за изградба на Коридорот Дунав.

Претседателот на Србија рече и дека неговата политика нема да ја водат Американци, Руси или кој било друг.

„Политиката што ја водам мора да биде добра за Србија и за српскиот народ“, рече тој.

Вучиќ истакна и дека в четврток ќе одговори подетаљно на темата Вулин оценувајќи дека санкциите не се поради криминал, туку поради односот на Вулин кон Руската Федерација.

„Не забележав дека е пронајден кокаин во канцеларијата на Вулин, туку во Белата куќа“, рече тој.

Можете да прочитате

Уапсен руски милијардер поради серија убиства

Тунижанец осуден на смрт поради статус на Фејсбук

Трамп му даде ултиматум до Хамас до недела во 18 часот