Утрински Весник
Свет

Фон дер Лајен: ЕУ работи на нови санкции против иранските лидери

Ursula Fon Der Lajen 2.jpg

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека ЕУ разгледува построги санкции против Иран.Таа додаде дека не сака директно да ги коментира воените дејствија што би можеле да ги преземат САД или Израел.

– Не можам да ги коментирам активностите на други земји. Нивна одлука е што ќе преземат, изјави таа на прес-конференција на маргините на политичките разговори во Кипар.

Таа нагласи дека „она што се случува во Иран е одвратно, а убивањето на младите луѓе е човечка трагедија“.

Фон дер Лајен исто така истакна дека ЕУ работи на нови санкции против одговорните за бруталното задушување на протестите во Иран.

Таа рече дека овие мерки имаат за цел да помогнат во доведувањето до крај на сегашната влада во Иран. Постојните санкции на ЕУ веќе имаат ефект и го ослабуваат режимот, додаде таа. 

Можете да прочитате

Фон дер Лајен предложи Канада да стане прва придружна членка на ЕУ

Белорусија започна воени вежби во близина на Полска и Литванија

Саудиска Арабија ги прекинува испораките на нафта кон Европа