Утрински Весник
Свет

Русија протера британски дипломат поради шпионажа

Rusija.jpg

Властите во Русија наредија британски дипломат да биде протеран од земјата поради шпионажа.

Руската Сојузна безбедносна служба (ФСБ) соопшти дека еден дипломат од Амбасадата во Москва работел за британската разузнавачка служба, но не наведе докази за таквото тврдење.

Протераниот британски дипломат мора да ја напушти Русија во рок од две недели.

Москва нема да толерира работа на непријавени британски разузнавачки агенти во Русија, се наведува во соопштението на руското Министерство за надворешни работи.

Можете да прочитате

Убиен oсомничениот напаѓач на Берлинската парада на гордоста

Москва не ги коментира најавите за можен предлог од Вашингтон и Киев за крај на војната во Украина

Трамп ги паузира нападите врз Иран за да „даде простор“ за преговори