Утрински Весник
Балкан

Вучиќ и Орбан во Будимпешта потпишаа политичка декларација

Dd 7.webp.webp

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ и унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска во Будимпешта потпишаа Заедничка политичка декларација меѓу двете земји, а по седницата на Советот за стратешка соработка беа потпишани уште шест договори од областа на правдата, културата, европските интеграции и дипломатијата.

На заедничката прес конференција со премиерот Виктор Орбан по потпишувањето на договорите, Вучиќ рече дека со Орбан разговарал за поврзаноста во областа на енергетиката, потсетувајќи дека наскоро ќе биде завршена студијата за нафтоводот Аљѓо-Панчево, по што ќе започне изградбата.

-Ние ќе ги прошириме нашите капацитети за гас во Унгарија, во складиштата што ни ги дадоа унгарската влада и унгарската држава. Во моментов имаме резерва 160 милиони кубни метри за оваа зима, но за 2025 и 2026 година мораме да ги наполнеме тие складишта за да можеме да бидеме сигурни дека имаме не само доволно гас, туку и доволно електрична енергија, рече Вучиќ и додаде дека во Србија ќе има се поголем број гасни електрани.

„Градиме далноводи и таа мрежа наречена Панонски коридор меѓу Србија и Унгарија, каде што ќе имаме помали загуби на мрежата и каде што преносот на електрична енергија ќе биде неспоредливо поголем отколку што е денес“, додаде тој.

Според него, Србија секогаш ќе биде сигурен партнер за Унгарија.

Што се однесува до пругата Белград-Будимпешта, Вучиќ изјави дека таа ќе биде готова за година и пол, а патувањето ќе трае само 2 часа и 45 минути.

Претседателот на Србија додаде дека се разговарало и за воено-техничката соработка меѓу двете армии и верува дека таа ќе се унапредува на различни начини.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан истакна дека Србија и Унгарија имаат исти амбиции.

-Она што е ново е ситуацијата во светот. Ние ја нарекуваме нова реалност предизвикана од исходот на американските избори. Сега успешни ќе бидат новите сили кои досега беа потиснати, смета Орбан.

Тој наведе и дека се истоветни одговорите на Белград и Будимпешта на новата реалност.

-На новата реалност ќе одговориме со продлабочување на српско-унгарските односи. Безбедноста мора да добие на значење во новата реалност, заклучи премиерот на Унгарија.

Можете да прочитате

ЕУ го осуди терористичкиот напад на каналот Ибар-Лепенец во Зубин Поток

Уапсени осум лица во северно Косово по нападот врз каналот Ибар-Лепенец

Просечната нето плата во Црна Гора блиску до 1000 евра