Утрински Весник
Свет

Вучиќ и Курти в понеделник ќе се сретнат во Брисел

Вучиќ и Курти в понеделник ќе се сретнат во Брисел

Српскиот претседател Алекандар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти ќе се сретнат в понеделник на 27 февруари во Брисел, пишува „Блиц“.

dobivaj vesti na viber

Тие ќе се сретнат во рамки на продолжувањето на дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Ова го соопшти шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел. Тој со поддршка на специјалниот претставник на ЕУ, Мирослав Лајчак, ќе има одвоени средби со Вучиќ и Курти, по што, според најавата, ќе имаат заедничка средба.

Се додава дека фокусот на средбата ќе биде европскиот предлог за нормализација на односите меѓу Косово и Србија.

Српскиот претседател Алекснадар Вучиќ денеска од Минхен, каде што ќе присуствува на безбедносната конференција, изјави дека „имаме добри вести што ќе им ги соопштиме на граѓаните на Србија, некои денеска, а некои за седум дена, што се однесуваат на Косово и Метохија“.

Можете да прочитате

Борел: Не можеме да го поткопуваме Меѓународниот кривичен суд

Русија врати седум украински деца со посредство на Катар

Ново разрешување од функција на висок претставник во кинеската армија поради истрага за „сериозно кршење дисциплина“