Утрински Весник
Балкан

Вучиќ ги потпиша судските закони и покрај предупредувањата од Брисел

Vucik.webp.webp

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска стави потпис на пакетот закони од областа на судството, и покрај острите реакции и забелешки од Европската комисија. Со потпишувањето, законските измени веднаш стапија во сила. Од Брисел предупредија дека ваквиот потег сериозно ја загрозува независноста на судската власт. Европската комисија ги оцени измените како чекор што директно ја поткопува автономијата на правосудниот систем во земјата. Европската комесарка за проширување, Марта Кос, упати јасна и критичка порака до српските власти, потенцирајќи дека ваквото постапување не е во согласност со европските принципи и вредности.

„Од земја кандидат очекуваме одговорно и европско однесување. Овие измени претставуваат значителен чекор наназад, особено затоа што беа донесени по забрзана постапка, без транспарентност и без јавни консултации“, истакна Кос.

Европската комисија побара Србија во најкраток можен рок да ги преиспита усвоените закони и да ги усогласи со европското законодавство, предупредувајќи дека во спротивно може да дојде до сериозни последици во процесот на пристапни преговори.

Можете да прочитате

Грчката полиција разби криминална организација на Крит за работна експлоатација на државјани на трети земји

Црна Гора привремено го затвора Поглавјето 21 во преговорите со ЕУ

 Над 800 возачи вратени од Шенген зоната