Утрински Весник
Економија

ДУИ: Владата да дејствува, од понеделник ново поскапување на нафтата

Dui.webp.webp

Соопштение за јавност на ДУИ:

Владата продолжува да биде глува на предупредувањата и да ги игнорира ризиците што го загрозуваат животниот стандард на граѓаните, без да преземе мерки за нивна заштита од нови ценовни удари.


Сите професионални прогнози и движењата на меѓународните енергетски берзи покажуваат дека од наредниот понеделник се очекува ново и значително зголемување на цените на нафтените деривати. Ова зголемување може да предизвика нов бран на поскапување на производите и услугите, дополнително оптоварувајќи ги семејствата и бизнисите.

Демократската унија за интеграција уште еднаш ги повикува надлежните институции да ги земат предвид нашите предлози презентирани пред неколку дена, со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните и компаниите и да се спречи нов ценовен шок што на крај ќе го платат сите граѓани.

Доколку за спроведување на овие мерки се потребни одлуки преку Собранието, ДУИ уште еднаш изразува подготвеност за целосна поддршка, со цел оваа криза да не падне на товар на граѓаните на Република Северна Македонија.

Можете да прочитате

Ристески: Преку отворен и искрен социјален дијалог креираме одржливи и фер политики кои се од интерес за сите страни

ССМ организира протест на 1 Мај, ги повика работниците масовно да излезат

Божиновска на јубилејот на ЕВН повика на одговорен приватен сектор и цврсти институции