Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска во Бујановац изјави дека во однос на планот за Косово, важно е да се исполнат сите досегашни договори потпишани од ЕУ и истакна дека формирањето на Заедницата на српските општини е единствената преземена меѓународна обврска и тоа пред 10 години, а е предвидена со четири документи.
Вучиќ, на прашањето од албански новинар, рече дека се чини оти нема многу напредок во преговорите во Брисел, бидејќи Курти соопшто дека ЗСО тешко може да се формира затоа што, како шѕо рече Вучиќ, таканаречениот устав на Косово не го дозволува тоа.
Тој рече и дека е тешко да го прифати предлогот на Франција и Германија и за тоа дали решението би можело да биде размена на територии или разграничување, рече:
-Кога се обидував да решам нешто, сите ми скокавте на грб, важно е да се исполнат претходните договори, прашувате дали ќе исполнам нешто што не сум го потпишал, па што е исполнето од тоа што потпишавте и што беше преземено како меѓународна обврска, а единствената прифатена меѓународна обврска од пред 10 години е ЗСО и четири документи поврзани со ЗСО, – рече Вучиќ.
Вучиќ рече дека не решава Албин Курти дали ќе го исполни она што е меѓународна обврска, туку дека тоа е работа на ЕУ и на сите потписници.
-Во 2015 година ги потпишав принципите што зборуваат за тоа, го потпишав 22-риот принцип од договорот, а претходно беше потпишан од Дачиќ и потпишан од Тачи и Мустафа. Покрај сето ова, потписот на ЕУ е секогаш таму Претпоставувам дека тоа е исполнето. Тој вели, тешко е, дека е тешко – и јас тоа го дознав, нагласи Вучиќ.