Утрински Весник
Спорт

Феликс нема намера да се врати во Атлетико

Феликс нема намера да се врати во Атлетико

Жоао Феликс нема намера да се врати во Атлетико. Потугалецот од јануари е позајмен во Челси. Негова желба е да остане на „Стенфорд Бриџ“. Челси за неговата шест месечна позајмица издвои девет милиони евра.

dobivaj vesti na viber

„Португалецот е среќен во Челзи и Атлетико мора да биде подготвен за сериозни разговори ова лето“, велат медиумите на островот.

Португалецот има договор со Атлетико до 2026 година. Откупната клаузула изнесува 350 милиони евра.

Наводно, газдата на Челси,Тод Боли ќе започне преговори со Атлетико. Минатиот месец, Атлетико објави дека ќе го продаде Феликс за најмалку 140 милиони евра.

Феликс е најскапиот играч во историјата на Атлетико. Во јули 2019 година клубот за неговиот трансфер издвои 127 милиони евра.

Можете да прочитате

Игрите во Париз ќе бидат најпосетени во олимписката историја

Франција вечерва подготвува спектакуларно отворање на 33. Олимписки игри

ОИ 2024: Надал може да се откаже од настап во сингл