Утрински Весник
Свет

Вучиќ до американските сенатори: Апсењето на Миленковиќ е провокација на Курти за да предизвика војна во срцето на Европа

Вучиќ до американските сенатори: Апсењето на Миленковиќ е провокација на Курти за да предизвика војна во срцето на Европа

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска телефонски разговараше со тројцата американски сенатори Крис Марфи, Џин Шахин и Пит Рикетс.

dobivaj vesti na viber

Единствена тема на разговор била ситуацијата на северот на Косово, соопшти прес-службата на Вучиќ.

Српскиот претседател јасно и недвосмислено им порачал на американските сенатори дека денешното апсење на Милун Миленковиќ е провокација и злосторство на премиерот на Косово, Албин Курти, со што се обидува да предизвика војна во срцето на Европа.

Исто така, Вучиќ рекол дека Србија прави се’ што може за да го зачува мирот, но дека српскиот народ на Косово и Метохија е изложен на најлошата тортура и прогон во последните петнаесет години, пренесуваат српските медиуми.

Сенаторите Марфи, Шахин и Рикетс му порачале на Вучиќ дека бараат воздржаност и повици за мир од Србија, бидејќи тоа е во најдобар интерес на сите во Западен Балкан.

Можете да прочитате

ЕУ им објави „војна“ на евтините онлајн продавници

ООН: Во транзицијата во Сирија да се повикаат на одговорност сите кои ги прекршиле човековите права, но без одмазда

Германија и Австрија ги замрзнаа сите барања за азил од Сиријците