Утрински Весник
Свет

Вучиќ: Целта е засекогаш да се протераат „непослушните“ Срби од Косово

Вучиќ: Целта е засекогаш да се протераат „непослушните“ Срби од Косово

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска изјави дека дури и да се смири моменталната ситуација во Република Косово, нешто ново ќе се случи за 15 или 30 дена, бидејќи целта на Приштина е да ја избрка Србија од Косово за сите времиња, како и „непослушниот српски народ“. Тој по средбата со српскиот патријарх Порфириј рече дека затоа се случува криминализација на Србите.

dobivaj vesti na viber

„Со оглед на геополитичката ситуација, како и фактот дека сакаат да не скршат и да нè скршат поради ситуацијата со Русија и Украина, не се сомневајте дека тоа ќе продолжи. Не сум сигурен дека ќе успееме да го надминеме, бидејќи ние разговараме со некој кој не сака да слуша никаков аргумент“, рече Вучиќ и и порача на Приштина да не апси луѓе само затоа што не ги сакаат.

Вучиќ денеска изјави дека вчерашната забрана за влез на Косово и Метохија на патријархот на СПЦ најдобро зборува за организаторите, нагласувајќи дека тоа е само делумно режимот во Приштина, а делумно и меѓународната заедница.

Вучиќ, по средбата со патријархот рече дека за време на синоќешниот разговор, но и на денешниот разговор, го информирал патријархот за целокупната ситуација од различни агли – политички, но и безбедносни.

„Вчерашната забрана за влез на Косово и Метохија од страна на приштинските власти на Патријархот на Српската црква и негово спречување да оди во нашето светилиште, ми се чини дека најдобро зборува за оние кои ја организираа, а тоа е само делумно режимот во Приштина, бидејќи Доволно беше само да ги погледнеме најавите оние кои цел ден не уверуваа дека жестоко ќе реагираат“ – рече Вучиќ.

Вучиќ посочи дека на политичките претставници на Албанците во Приштина и на дел од меѓународната заедница им е потребно протерување на Србите од Косово, бидејќи само така гледаат решение на проблемот.

Можете да прочитате

Во срцето на летото: На алпите наврнаа 80 сантиметри снег!

Зеленски: Русија синоќа употреби околу 400 дронови и 18 ракети во Украина

Русија конфискувала имот вреден 50 милијарди долари од почетокот на војната во Украинаķ