Утрински Весник
Свет

Советникот на Зеленски: Москва се обидува да купи време зборувајќи за преговори

Советникот на Зеленски: Москва се обидува да купи време зборувајќи за преговори

Економскиот советник на украинскиот претседател, Александар Родњански, денеска изјави дека тврдењето на рускиот лидер Владимир Путин дека Русија е подготвена да преговара е само начин Москва да купи што повеќе време и дека не може да ѝ се верува.

dobivaj vesti na viber

„Blickrig тргна ужасно погрешно за нив и тие го знаат тоа, така што им треба повеќе време да се регрупираат и да ги обноват своите трупи“, рече Родњански за Си-ен-ен.

Советникот на Зеленски рече дека Кремљ се обидува да го одврати светот од испраќање дополнителна воена помош за Украина и дека „не смеат да паднат во таа замка“.

Можете да прочитате

Руте: Нема непосредна руска закана за НАТО, Путин не е подготвен за мир

Банката на Англија предупредува на зголемен ризик од финансирање на вештачката интелигенција

Британската влада побара од универзитетите да ја прекинат соработката со кинески институт поради шпионажа