Утрински Весник
Балкан

Вучевиќ во Берлин: Германија сака да го види Западен Балкан во ЕУ, Србија останува посветена на европскиот пат

Dd 9.webp.webp

– Премиерот на Република Србија, Милош Вучевиќ, денеска во Берлин, каде што учествуваше на самитот на „Берлинскиот процес“, изјави дека Србија останува посветена на европскиот пат како нејзина главна стратешка геополитичка цел и дека впечатокот од денешниот самит е дека Германија сака да го види Западен Балкан во ЕУ.

Во изјава за српските медиуми, Вучевиќ рече дека се добива впечаток дека Германија сака целосно да го ревитализира тој проект и дека Србија во Берлин потпишала два документа-Договор за пристап до високото образование во Западен Балкан и Декларацијата за поддршка на Акцискиот план на заедничкиот регионален пазар (ЦРМ) 2025-2028 година.

– Тоа се документи на кои немаме забелешки, но Србија секогаш става резерва затоа што го гледаме Западен Балкан како „5 плус 1“, а не како шест земји и додаде дека на самитот го претставил планот на Србија да остане посветена на европскиот пат како нејзина главна стратешка геополитичка цел.

Тој посочи дека Србија добила бројни признанија во однос на економските резултати и реализацијата на инфраструктурни проекти и дека е поздравено потпишувањето на Меморандумот со Северна Македонија за изградба на интерконектор преку Северна Македонија до Грција.

– Имаме понуда и од Романија. Го истакнав Коридорот 10, тоа го нагласи и премиерот (на Унгарија Виктор) Орбан, а на него се приклучи и премиерот (на Северна Македонија Христијан) Мицкоски. Орбан зборуваше на ниво на претседателот Александар Вучиќ и покажа дека тој е голем пријател на Србија и многу јасно кажа дека нема решение за Западен Балкан без прием на Србија во ЕУ, рече Вучевиќ.

Како одговор на изјавата дека германскиот канцелар Олаф Шолц најголемиот дел од својот говор го посветил на односите меѓу Белград и Приштина и дека побарал продолжување на дијалогот и решавање на отворените прашања, како и на прашањето дали тоа било доминантна тема на панелите на кои учествуваше, Вучевиќ рече дека не е така и дека уште двајца говорници во некои сегменти го спомнале односот меѓу Белград и Приштина, но дека оваа тема не доминирала.

– Курти имаше забелешка за Пекинг и БРИКС, но немаше ништо драматично во тоа, додаде Вучевиќ.

Можете да прочитате

Српската актерка Слобода претепана – пренесена во Ургентен центар во Белград

Поранешниот хрватски министер за здравство пуштен од истражен затвор да се брани од слобода

Масакр во Турција: Ги убил сопругата, детето и родителите, па се самоубил