Утрински Весник
Спорт

Второ допинг-обвинение за двократната гренд слем шампионка Симона Халеп

Второ допинг-обвинение за двократната гренд слем шампионка Симона Халеп

Двократната гренд слем шампионка, Романката Симона Халеп доби второ обвинение за допинг поради „нерегуларности во нејзиниот биолошки пасош“, потврди Агенцијата за интегритет во тенисот (ИТИА).

dobivaj vesti na viber

31-годишната Халеп е суспендирана од октомври по позитивниот тест на САД Опен, а ова е втор прекршок кој не е поврзан за тој за кој беше суспендирана. Биолошките пасоши ги следат сите биолошки податоци за да се забележат неправилности кои може да значат допингување.

Поранешната светска тенисерка беше позитивна на „роксадустат“, лекарство против анемија кое го зголемува бројот на црвени крвни зрнца во телото.

„Сфаќаме дека денешното соопштение додава комплексност на случајот, но сите во ИТИА остануваме посветени да работиме со Халеп за решавање на проблемите“, вели директорката на ИТИА, Никол Сапстед.

Халеп во април ги отфрли сите обвинувања дека се допингувала, објаснувајќи дека најверојатно се работи за „контаминирани“ додатоци за исхрана. Таа беше деветта на ВТА листата кога беше суспендирана.

Можете да прочитате

Пандев и Омерагиќ: Започнува новата ера во македонскиот фудбал

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ