Утрински Весник
Македонија

„Втора недела трае „истрагата“ на Онкологија и нема никој приведен – постои сомнеж дека се прикриваат докази“, вели ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: Во Онкологија функционирала организирана мафија, директорот, министерот и Ковачевски се директно одговорни

„Втора недела откако почна „истрагата“ на институциите за скандалот на Онкологија и нема никаков резултат, ниту пак има некакви индиции. Очигледно власта на ДУИ и СДС подготвуваат нов случај кој ќе се заташка по принципот – кабелот е виновен“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Индициите за криминал на Онкологија во јавноста се говорат веќе со месеци и години наназад. Се правело бизнис со скапата терапија наменета за болните, односно пациентите останувале без потребните цитостатици, а истите биле препродавани на црниот пазар во Македонија и во странство. Наместо потребниот лек, според сведоштвата, пациентите добивале физиолошки раствор, а некој правел грдни пари со лековите кои некому живот значат.

Тоа што после толку денови од „официјалната истрага“ нема притворени или суспендирани, отвора сомнеж дека виновниците се во највисоките ешалони на власта и дека сега се прави операција за прикривање на докази, криење на трагите и заташкување на криминалот.

Со оваа власт и со ова обвинителство седнато во скутот на СДС и ДУИ нема да има правда. Правдата за овој монструозен криминал на сметка на болните од канцер, но и за другите трагедии ќе дојде после изборите и промената на власта“, се додава во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Николова: Мицкоски без грам совест и одговорност потроши 20.000 евра на повратни билети за САД

Скопјанец удрил лице кое управувало тротинет

Тројца мажи физички нападнале 30-годишник во Чаир