Утрински Весник
Македонија

Втор состанок на политички директори во рамките на претседавањето со ПСЈИЕ

SEECP1.jpeg

Во Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија се одржа вториот Состанок на политички директори на учесниците на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), на кој беа присутни и претставници на Советот за регионална соработка (СРС) и на Европската Унија.

Северна Македонија претседава со Процесот за соработка во Југоисточна Европа во периодот јули 2023 – јуни 2024 година, под мотото „Премостување поделби, градење доверба”.

На состанокот се разменија мислења за актуелните прашања од интерес за Регионот и нивното влијание врз регионалната соработка, Планот за раст за Западен Балкан на Европската Унија и влијанието на моменталната геополитичка ситуација на евроинтегративниот процес, за поддршката на европската интеграција и одржливиот развој преку соработка помеѓу учесниците во Процесот, како и за тековните активности на претседавањето на Северна Македонија со оваа иницијатива.

Република Северна Македонија е учесник во Процесот од самото негово формирање, а претседава по трет пат, по тие во 2000 – 2001 година и во  2012 – 2013 година.

Можете да прочитате

Оперативната акција „Чистач“: 5.628 лишени од слобода, 1.135 кривични пријави и 1.158 претреси во борбата против насилниот криминал, недозволената трговија со дрога и прекуграничниот криминал

Опожарени столбови за пренос на електрична енергија предизвикаа застој во водоснабдувањето на Босилово и прекин во снабдувањето со струја

Онкологија: Вештак на одбраната тврди дозирањето и третманот на онколошки пациенти е согласно европски протоколи, Обвинителството ги оспорува заклучоците